Персоналот на ЦИРа располага со претходно искуство во основање на Тимови на Обучувачи од групи на неискусни, но активно вклучени поединци во развојот на секторот на НВО и обезбедува редовни Програми за Обука на Обучувачи во НВО, меѓународни организации и институции.
Вработените во ЦИРа имаат темелно и оперативно разбирање и пракса во следните улоги и процедури на УСАИД, со оглед на тоа што целиот персонал работи под програмата на УСАИД. Исто така, земајќи го во предвид искуството во работа со странски организации, ЦИРа има прифатено меѓународни стандарди и развиено систем на програмски и финансиски процедури кои имаат тенденција да станат модел за македонските организации.
ЦИРа е исто така, обврзана на обезбедување поддршка и техничка помош за Организациите на граѓанското општество и другите ентитети преку:
Обука и градење на капацитети
• Програмата за градење на капацитети за Ромските НВО е поддржана од УСАИД преку Њорлд Леарнинг. Во рамките на оваа програма преку 400 членови од 22 Ромски НВО беа обучувани на 18 теми. Уште повеќе, програмата обучи 10 Роми-обучувачи и интервјуери, кои имаат можност знаењето со кое се здобиле во ТоТ да го спроведат во пракса. Освен тоа, во соработка со нашите партнери НВО од Словачка, Партнери за демократска промена, ЦИРа организираше научна посета за 11 НВО претставници на програмите кои работат со маргинализирани групи во Словачка.
• Програми за обука на НВО за лица со хендикеп во рамките на регионалниот СХАРЕ-СЕЕ Пројецт од Хандицап Интернатионал. Програмата вклучи над 50 НВО на луѓе со хендикеп и ги градеше нивните капацитети на следните теми: Управување со проектен циклус, Стратешко планирање, Односи со јавноста и медиумите, Застапување и лобирање, Полио + започна успешна иницијатива за собирање 10 000 потписи за системско право за лица со хендикеп.
• Серии на тренинг курсеви за Центрите за поддржка на НВО во 8 неразвиени општини во Македонија се водат од фондацијата Институт за Отворено општество Македонија, поддржани од ЕАР и СДЦ, во: Управување со проектен циклус, Организирање на кампањи, Раководење со волонтери, Градење на тим и Акционен план во заедницата.
• Извршена е проценка на потребите и реализирани се обуки на тема Прибирање средства и логична рамка и 10 менторски сесии за подготовка на стратегија за прибирање средства и одржливост, обезбедени за коалицијата Алл фор фаир триал (Сите за правично судење), поддржана од ОБСЕ.
• Програма за обука на обучувачи за Отворете ги прозорците и Хандицап Интернатионал.
• Персоналот на ЦИРа е вклучен во Програмата од ЕАР за градење на капацитети за граѓанските организации, со цел да ги развие капацитетите на поголемите коалиции, мрежи или “чадор” организации во Македонија. Програмата се применува од страна на ДРЦ.
• Развојот, осмислувањето и спроведувањето на тренинг курсевите се моделирани врз база на потребите и капацитетите на целните организации, а истовремено и според потребите на програмите кои се водат од страна на меѓународните организации во Македонија, како на пр.: Проектот Хопе, ОСЦЕ, ИПК и др.
• Од ДемНет Програмата на УСАИД, ЦИРа наследи над 200 обуки и 25 подрачја за обука обезбедени за 359 НВО.
Развој на локални заедници
• Во 2006 година ЦИРа ја започна имплементацијата на двегодишната програма Форуми во заедниците во две општини: Кичево и Ѓорче Петров, поддржана од СДЦ. Тоа е процес на развој на заедниците, обука за планирање на дејства во заедницата со метод на партиципација.
• ЦИРа ја поддржува ЛПП програмата (програма за партнерства во заедницата), каде презентира различни модели за развој на заедниците: Акционен план во заедницата, Фондации во заедницата, Социјални договори.
• ЦИРа обезбедува поддршка за Проектот за реформа на локалната власт на УСАИД и неодамнешниот Проект за децентрализација (и двата имлементирани од страна на ДАИ) преку учество на претставници од општините на сесиите, креирање на Етички код за општините Центар и Карпош, Кавадарци и Крива Паланка, развој на Граѓански повелби во две општини и создавање на Развоен план за информативните центри во рамките на локалните општини.
• ЦИРа работи на проекти за развој на општините, промовирајќи создавање на неформални граѓански групи кои ги собираат граѓаните, НВО и претставниците на локалните институции во заеднички напор да ги подготват и имплементираат Акциони Планови во заедницата во Чучер Сандево, Чашка, Крушево и Битола, како официјални стратешки документи за развој на општината. Во изминативе години ИТЗ/ЦИРа обезбеди имплементација на проектот за развој на општините и обука во три ромски заедници: Тризла во Прилеп, Баир во Битола и Делчево.
• Исто така, ИТЗ/ЦИРа придонесе за подготовка и примена на Локални еколошки акциони планови (ЛЕАП) во 5 општини во Македонија.
• ТоТ за АЦТЕД за развој на Акционен План резултира со имплементирани планови (СИДА).
Развој на граѓанското општество
• Почнувајќи од Јули, 2005 ЦИРа е еден од партнерите на конзорциумот за имплементација на Програмата за зајакнување на граѓанското општество (ЦССП), финансирана од УСАИД, под водство на ИТЗ. Во склоп на ЦССП, ЦИРа е одговорна за две програмски компоненти во следните три години:
Компонента 1: Градење на капацитети за унапредување и диверзификација на лидерското јадро на НВО.
Компонента 5: Развој на Филантропијата-поттикнување и диверзификација на домашни ресурси.
• Програмата Волонтери во акција-промовирање на волонтерството во локалните заедници, која е финансирана од ОБСЕ, се фокусира на основање на Младински волонтерски центри во 4 општини (Тетово, Куманово, Велес и Крива Паланка).
• Во своите напори за поддршка на НВО секторот во Скопје и Македонија, ЦИРа го основа СРЦе-Скопје Ресоурце Центер, кој од декември 2005 година нуди простории, опрема, библиотека, услуги, презентации, консултации и обука за сите НВО со седиште во Скопје и сите што организираат активности во Скопје.
• ЦИРа е обврзана да иницира, истражува, промовира и лобира за создавање на оплеменувачка и поткрепувачка законодавна средина за НВО секторот. Ова вклучува застапување и лобирање со цел промоција на локалната филантропија, даночен поттик за поединци и претпријатија кои сакаат да донираат во НВО, промовирање на социјално одговорните претпријатија, промовирање на волонтеризмот, изградба на уникатна инфраструктура за поддршка и други механизми кои ќе придонесат за создавање на одржлив сектор на НВО во Македонија. На ова поле ЦИРа ги презеде следниве чекори:
- Иницирање и помош на процесот на зацртување на Законот за донации и спонзорства на областите од јавен интерес во Македонија (Ноември 2005-Март 2006);
- Организирање на Регионална конференција Стратегии за одржливост на НВО секторот (Декември 2004);
- Коорганизација на НВО Саем 2004;
- Засновање на Граѓанска платформа-мрежа од 40 најголеми НВО во Македонија;
- Коорганизатор е на Регионалната Младинска конференција во Охрид (Ноември 2004).
Организациски проценки и истражување
Во оваа област ЦИРа го има подготвено следново:
• Програмска проценка на СОС Телефон водена од ЛА страда/Опен Гате за ОСЦЕ.
• Истражување на можностите за вклучување на жените во економските процеси во 3 општини: Берово, Гевгелија и Струга за УНДП.
• Основна студија за Програма за иницијална помош на Македонското земјоделие во 5 пилот општини, поддржана од СИДА преку ОПТО.
• Подготовка на Индекс на одржливост за Македонија од УСАИД 2004.
• Мониторинг и проценка на Саемот на НВО 2004-Форум на македонското граѓанско општество.
• Организациско вреднување на Студентски и младински организации во Македонија за Фондацијата Институт Отворено општество во Македонија.
• Проценка на потребите за обука на НВО кои работат на теми за ХИВ/АИДС во БиХ, СЦГ и Македонија за проектот Хопе.
• Утврдување на потребите на македонските НВО за програмата за Меѓународна помош за развој, во соработка со ХАНД (Унгарска Асоцијација за Хуманитарни и развојни НВО) и ДемНет Хунгарѕ (Фондација за демократски права).
Програми за Ромите
• Во периодот од Јуни 2005 до Февруари 2006, ЦИРа беше одговорна за менаџирање на Програма за развој на човечките капацитети меѓу ромските НВО и ромската бизнис заедница. Како резултат на оваа програма над 400 ромски членови на НВО беа обучувани на 23 теми, а беше составена и група од 10 ромски помошници обучувачи и 10 ромски интервјуери. Четиринаесет микро-грантови им беа доделени на 14 ромски НВО за нивните активности. Уште повеќе, со оваа програма 82 ромски фирми се регистрираа и над 400 потенцијални ромски бизнисмени се информираа за предностите во раководењето на регистрирани фирми, формите на регистрација и достапните кредитни линии.
• Во 2003 и 2004 год. ЦИРа имплементираше пилот проект со собирачи на секундарен отпад во две ромски заедници во Скопје- Кланица и Злокуќани, со цел да се увидат основните социјални и економски услови, актуелните методи на собирање на секундарниот отпад и да се изнајдат решенија за подобрување на овие методи.
Техничка помош и инструкторство во:
• Полови разлики и маргинализирани групи-иницирање и унапредување на соодветни служби во заедницата за чувствителните групи, како на пр. инвалиди, деца, постари лица, жени, жртви на ХИВ/СИДА, малцинства, жртви на насилства, малолетни престапници и сл. За да се постигне ова, пристапот на ЦИРа е националните и локалните НВО да се здобијат со вештини и способности за да ги обезбедат потребните услуги и да ја зајакнат соработката меѓу локалните заедници, НВО и локалните општински власти во обезбедување на тие услуги.
• Техничка помош и водство за НВО, институциите и заедниците кои се справуваат со проблеми при трговија со луѓе.
• Поддршка на НВО, институциите и заедниците од области на младите, особено во создавање на Национален младински акционен план како на национално, така и на локално ниво, стратегии за вработување на младите и соработка со локалните претпријатија, локалните општински власти и националните институции. Тие исто така беа поткрепени и во акциониот план во малолетничка деликвенција.
• Промовирање на употребата на информатички и комуникациски технологии за поефективно управување со НВО и имплементација на проектите.