|
Мисијата и пристапот на ЦИРа |
|
Мисијата на Центарот за Институционален Развој е да ги зајакне капацитетите на граѓанското општество и локалните заедници заради постигнување на видливи промени во заедниците.
ЦИРа се стреми кон постигнување на своите цели преку јакнење на капацитетите, промовирање на јавното учество и мобилизација на локалните ресурси во решавање на локални проблеми на ниво на заедницата.
Стратешки цели:
1. Градење ефективни и ефикасни организации и институции
2. Развој на филантропијата во Македонија
3. Развој на локални заедници
|