Мапа на сајтотКонтакт Почетна
Содржина
Почетна
За Нас
Тековни Проекти
Реализирани Проекти
Годишни Извештаи
USAID CSSP Проект
СРЦе
Обуки
Донирајте во ЦИРа
Линкови
Ресурси
Публикации на ЦИРа ново!
Закони за НВО
e-Билтен
Електронски Билтен


За да го добивате тримесечниот е-Билтен за Филантропијата во Македонија, Ве молиме да се регистрирајте






Ресурси за НВО
Ресурсни интернет страници - ресурси за Невладини организации

 


Програма за обука на ЦИРа
Овој документ ја претставува структурата на Програмите за обука, кои се развиени и доставени од страна на ЦИРа. Како и да е, во својата работа, ЦИРа промовира учење кое става акцент на учесникот. Така, сите понудени програми за обука може да се креираат зависно од потребите на учесниците.

Сите модули на обука се изведуваат како основни или напредни, зависно од потребите на целната група и нивните постоечки вештини и способности на кое било поле кое што се изучува, со цел да се постигне целосно разбирање.

Програмата за обука на ЦИРа нуди три типа на компоненти на обука:

  • Организациско јакнење (Organizational Strengthening - OS) има за цел подобрување на раководниот и оперативниот капацитет на организациите како предуслов за понатамошен институционален развој. Концептот на ОС е директна врска со Институционалниот Развој (ИД – Институтионал Девелопмент) и се концентрира на подобрување на организациските капацитети и перформансите на организацијата.

Институционалниот развој го потенцира развојот на мрежата на засегнати страни за ефективно и ефикасно здружување на ресурсите кон постигнување на заеднички цели. ИР ја зема во предвид средината во која функционира организацијата и ги дефинира целите и активностите за нејзино подобрување.

Целите на ПР се фокусирани на подобрување на програмите на НВО и локалните заедници со воведување на нови концепти, методологии и пристапи кон одржлив развој.

Покрај програмите за обука, ЦИРа нуди општо образовен сет на услуги и интервенции кои придонесуваат кон градење посилни и поефективни организации.

- Консултации и менторство

Како поддршка на процесот на учење и унапредување, ЦИРа нуди посети на терен т.е. консултации во самата организација, фацилитирање и/или менторски сесии како следни активности, со цел уште повеќе да се развијат и унапредат вештините на обучуваните на полето кое што се изучува. Уште повеќе, ЦИРа обезбедува консултации на база “еден на еден”, како следна активност по завршувањето на обуката во процесот на развивање на одредени писмени документи, процедури и системи како клучни завршни продукти од обуката.


- Фацилитирање

ЦИРа го нуди своето обемно искуство и стручност при фацилитирање на групна работа за време на процесот на развој на организациите, работни состаноци, состаноци за вмрежување, конференции и сл. Со фацилитирање на групната работа, нашите фацилитатори обезбедуваат насоки и се стремат секој да работи на ист предизвик и со ист пристап, со цел да се создаде групен продукт кој што го делат сите, односно е заеднички. ЦИРа има развиено сет на методи и техники за фацилитирање кои се применуваат зависно од карактеристиките на групата и предвидените резултати.

 

 




web
cira.org.mk
Фонд за поддршка на деца и млади-жртви на сексуална злоупотреба
Донирајте во ЦИРа


Copyright © 2006 CIRa. All rights reserved.