Мапа на сајтотКонтакт Почетна
Содржина
Почетна
За Нас
Тековни Проекти
Реализирани Проекти
Годишни Извештаи
USAID CSSP Проект
СРЦе
Обуки
Донирајте во ЦИРа
Линкови
Ресурси
Публикации на ЦИРа ново!
Закони за НВО
e-Билтен
Електронски Билтен


За да го добивате тримесечниот е-Билтен за Филантропијата во Македонија, Ве молиме да се регистрирајте






Ресурси за НВО
Ресурсни интернет страници - ресурси за Невладини организации

 


CSSP Проект

 

Проект за зајакнување на граѓанското општество – CSSP (Civil Society Strengthening Project - CSSP)

cssp
Период: 01 Јули 2005 - 31 Март 2008
Целна група: 13 водечки граѓански организации во Македонија
Податоци за проектот:
Мисијата на Проектот за јакнење на граѓанското општество е да го зголеми граѓанското учество во донесувањето на одлуки во политичките и социјалните сфери преку проширување и продлабочување на влијанието на граѓанското општество.

Целта на CSSP е од македонското граѓанско општество да направи поефикасен, влијателен и постојан партнер, заедно со владата и деловниот свет во оформувањето на сегашноста и иднината на државата. Преку партнерството со невладините организации (НВО), проектот ќе им помогне на македонските граѓани ефективно да ги искажат нивните приоритети, конструктивно да ги насочат и да сметаат на државата за одлуките кои ќе се донесуваат како резултат на тоа.

CSSP е управуван од конзорциум раководен од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) и ги вклучува Центарот за институционален развој (ЦИРа), Европскиот центар за непрофитно право (ECNL) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Преку обезбедување на обука, техничка помош, мрежа, менторирање и флексибилен спектар на грантови, тригодишниот проект има за определба да ги исполни следниве цели:

Зајакнување на инфраструктурата на граѓанското општество преку:

» Поддршка за група на водечки организации способни да служат како ментори и ресурси за други НВОи и да го подигнат целиот сектор на повисоко ниво;
» Зајакнување на капацитетите на македонските обучувачи кои се достапни да понудат обука за неформални граѓански иницијативи и локални НВОи;
» Поддршка за активностите кои водат до подобрување на политичката рамка на НВО.

Поддршка на НВОи за постигнување на конкретни резултати на теми кои се од важност за граѓаните преку:

» Динамични и значајни проекти за доставување на услуги, застапување и јавен мониторинг;
» Основни граѓански иницијативи кои соодветствуваат на потребите на локалната заедница, го промовираат учеството на граѓаните и ги зајакнуваат понатамошните значајни врски со локалните власти и другите засегнати страни.

Подобрување на имиџот и разбирањето на македонското граѓанско општество преку:

» Силен јавен напредок и стратешка употреба на медиумите со цел да се зголеми јавната поддршка и разбирање;
» Вовед и распространување на различни модели за генерирање на ресурси и зголемување на поддршката за филантропија за НВО.

Во рамките на CSSP, ЦИРа е одговорна за две од програмските компоненти во следниве три години:

  • Компонента1 : Градење на капацитети за унапредување и диверзификација на лидерското јадро на НВО.
  • Компонента 2: Негување на партнерствата меѓу граѓанското општество и локалната власт
  • Компонента 5: Развој на филантропијата - Стимулирање и диверзификација на домашни ресурси

Донатор: USAID
 

 




web
cira.org.mk
Фонд за поддршка на деца и млади-жртви на сексуална злоупотреба
Донирајте во ЦИРа


Copyright © 2006 CIRa. All rights reserved.