На 20 ноември 2008г , на Светкиот ден на детето, ќпромовирана песната “Сонувај” која македонските музички ѕвезди ја снимиjа како дел од Кампањата за
прибирање на средства за креирање на Фонд
за поддршка на деца и млади-жртви на сексуална злоупотреба, која ја
спроведуваат Центарот за институционален развој-ЦИРа и Првата детска амбасада во светот Меѓаши.
Погледнете го видео спотот:
Превземете го спотот (видео) тука
Комплетен автор (тeкст, музика, аранжман и продукција) на
песната “Сонувај” е Александар
Масевски и неговата продукција (Massive Sky Production),
а музичките ѕвезди кои
учествуваа во снимањето на песната се: Александра Пилева, Браво бенд,
Бени Шаќири, Мартин Србиноски, Некст тајм, Елена Петреска, Даниел Стојмановски,
Мартин Вучиќ, Андријана Јаневска, Иле Спасев, Тања Б, Џемини,
Деана Николовска и Александар Масевски. Сите тие на некомерцијална основа се вклучија во оваа иницијатива
и преку снимање на песна ја изразија својата поддршка на децата и младите-жртви
на сексуална злоупотреба. Исто така огромна поддршка во реазлизацијата на
кампањата даде и дава Two Hearts продукцијата.
СОНУВАЈ
Сите деца се души искрени
Нежни свилени пеперутки
Тие се ангели, капки пречисти
И срца невини
Која ли сила сурова
Тебе длабоко те повредува
Болката знам прогонува
Но, јас сум крај тебе
Сонувај
Сонувај мирно јас ке те чувам
Летај ко птица небесна
Сонувај звезди на дланките твои
Ти ветувам љубов бескрајна
Сонувај
Сите деца се сонца прекрасни
Дајте им безброј топли прегратки
Носат убавини, солзи радосници
Бајки се бескрајни
Но, тоа мало срце знам
Одвнатре боли, плаче И тагува
Ова е крај ти ветувам
Бдеам над тебе
Сонувај
Сонувај мирно јас ке те чувам
Летај ко птица небесна
Сонувај звезди на дланките твои
Ти ветувам љубов бескрајна
Сонувај мирно јас ке те чувам
Летај ко птица небесна
Сонувај звезди на дланките твои
Ти ветувам љубов бескрајна
Сонувај
Сонувај мирно
И светол ден ке блесне
За сите деца знам
Без неправди што болат
Без страв И страданја
И немој да се плашиш
Тука сум до тебе
Сонувај мирно ти
Сонувај
Сонувај звезди
Сонувај мирно
Сонувај звезди
Сонувај мирно јас ке те чувам
Летај ко птица небесна
Сонувај звезди на дланките твои
Ти ветувам љубов бескрајна
Сонувај мирно јас ке те чувам
Летај ко птица небесна
Сонувај звезди на дланките твои
Ти ветувам љубов бескрајна
Сонувај
Александар Масевски
|