Мапа на сајтотКонтакт Почетна
Содржина
Почетна
За Нас
Тековни Проекти
Реализирани Проекти
Годишни Извештаи
USAID CSSP Проект
СРЦе
Обуки
Донирајте во ЦИРа
Линкови
Ресурси
Публикации на ЦИРа ново!
Закони за НВО
e-Билтен
Електронски Билтен


За да го добивате тримесечниот е-Билтен за Филантропијата во Македонија, Ве молиме да се регистрирајте






Ресурси за НВО
Ресурсни интернет страници - ресурси за Невладини организации

 

 
Фонд за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба во РМ

Загрижени од секојдневните вести и случаи на сексуална злоупотреба на деца и млади, на 26 септември 2008 ЦИРа и Првата Детска Амбасада во Светот-Меѓаши, започнaa Kампања за прибирање средства од страна од граѓаните и претријатијата за формирање на Фонд за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба во Македонија. Иницијативата до сега е поддржана од јавни личности, медиуми и здруженија на граѓани од РМ.

Видете ја листата на поддржувачи во прилог и досегашни собрани средства (последна промена 22.11.2008)

Целта на кампањата е собирање на средства за поддршка на децата и младите жртви на сексуално насилство и нивните семејства како и спроведување на активности за надминување на последиците од сексуалната злоупотреба: правна помош, психо-социјална работа со жртвите, помош и поддршка на жртвите за интегрирање во заедницатa, спроведување на информативни и едукативни кампањи за превенција на сексуална злоупотреба на децата и младите итн.



Ве покануваме да дадете ваш придонес во креирањето на Фондот за поддршка на децата и младите-жртви на сексуална злоупотреба (листа на потребни услуги и производи), преку некои од следниве начини на донирање или поддршка на фондот:


 










Ве покануваме активно да се вклучите во оваа кампања која ќе трае
до крајот на ноември 2008.

Ве молиме повикајте ги членовите на вашите семејства, вашите пријатели, колеги и деловни партнери да ја поддржат оваа граѓанска иницијатива и да дадат свој придонес за успешно справување со сексуалната злоупотреба на децата и младите. Испратете го овој e-mail до нив или разговарјте со нив за поддршка. Доколку имате било каква идеја која ќе придонесе кон успешно спроведување на кампањата, слободно предложете ја!

Секоја иницијатива е добредојдена!!!

За сите ваши прашања и идеи поврзани со донирањето во фондот, слободно контактирајте не во ЦИРа или Меѓаши на долунаведените контакти. ЦИРа како организација која работи на промоција на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (ЗДСЈД), ви нуди поддршка за спроведување на процедурата за користење на даночните поттикнувања.

На секои 2 недели ЦИРа и Меѓаши ќе објавуваат информации поврзани со собраните средства, ревидираната листа на подрржувачи, како и активностите кои ќе се превземаат понатаму, на интернет страницата www.cira.org.mk и www.childrensembassy.org.mk со соопштенија за јавност и преку електронска пошта (доколку не сакате понатаму да примате информации поврзани со оваа кампања, слободно испратете ни барање за бришење од е-маил листата на ЦИРа за овој Фонд).

Станете и Вие активенподдржувач на кампањата и кажете СТОП за сексуалната злоупотреба на децата и младите

 

Ви благодарам на вашата грижа за децата и младите - жртви на сексуална злоупотребаво Македонија. Донирајте во Фондот за нивна поддршка!

Срдечен поздрав,

Зоран Стојковски

Извршен директор

Центар за институционален развој-ЦИРа

Драги Змијанац

Извршен директор

Прва детска амбасада во светот-Меѓаши

Контакти :

ЦИРа: тел. 02-3114855 лок. 105 ; моб. 071-248-209; e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете и Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

Меѓаши: тел.02-2465 316; моб:070/075 255-372; e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете


Собрани 185.400 денари од хуманитарниот ТЕЛЕТОН “Сонувај Мирно”

 Од хуманитарниот Телетон “Сонувај мирно”, кој се одржа на 23 ноември 2008г, на Македонската радио телевизија, собрани се вкупно 185 400 денари, наменети за Фондот за поддршка на деца и млади жртви на сексуална злоупотреба. 

 

 

Во текот на четиричасовната отворена програма преку 100 музичари, актери, интелектуалци, амбасадори одговараа на телефонските повици од граѓаните кои со јавување на телефонскиот број 143 404 (од сите мобилни оператори) донираа по 100  денари во Фондот. Од директните јавувања на отворениот број за донирање собрани се вкупно 86 700 денари.

Во рамки на телетонот беше организирана и ТВ аукција на која беа понудени 80 предмети  (донирани од страна на јавните личности-учесници во телетонот) за кои гледачите се наддаваа во текот на отворената програма. Во процесот на наддавање највисока цена од 30 750 денари (понудена од г-ѓа Василка Настевска од Мериан Ас, Скопје) достигна комплетот од шест ЦД-ња од Тоше Проески, донација од Космофон. Сребреното срце донирано од Ламбе Алабаковски беше дадено за 10 100 денари, а Златната Буба Мара (награда) од Бени Шаќири за 4 500 денари.  Од ТВ аукцијата собрани се вкупно 55 200 денари.

Поттикнати од содржините емитувани во текот на телетонот со директни донации ја поддржаа оваа иницијатива и семејството Наумови од Планет Макпол, Штип, со донација од 25 000 денари; Тинекс донираше 18 500 денари; Ремедика обезбеди индивидуална психотераписка помош и гинеколошки прегледи на жртвите на сексуална злоупотреба, а Кенди, пакети производи за жртвите на сексуална злоупотреба. Исто така најавени се уште неколку донации од страна на поединци и компании.

Видете листа на досега собрано средства

Целиот настан беше организиран со голема поддршка од страна на Two Hearts production, Massive sky production, Community pictures, T-mobile,Космофон, ВИП оператор, Merian As, Хотел Континентал, Биро Стил, АД Европа Скопје, Градинарски центар Plantas,  Скопски Саем и Горска Вода. Медиумски покровител на настанот беше Македонската радио телевизија, а истиот медиумски беше поддржан од Нова Македонија, Утрински весник, Дневник, Вест, Вечер, К-15 Телевизија, Алфа Телевизија, Sky Net Телевизија, Сител Телевизија, Канал 5,  Jungle TV, Канал 77, Радио Роса, Радио Равел, City Радио, Радио Фортуна. Сите поддржувачи на телтонот го дадоа своето време, експертизаи, средства и услуги во форма на донација кон кампањата.

Организатори на кампањата за креирање на Фонд за поддршка на деца и млади-жртви на сексуална злоупотреба се Центарот за институционален развој-ЦИРа и Првата детска амбасада во светот Меѓаши и истата ќе се спроведува до крајот на декември.

До крајот на кампањата ќе биде организирана уште една аукција со предметите кои беа донирани во текот на телетонот, а кои не влегоа во процесот на наддавање, како и хуманитрен концерт со музичките ѕвезди поддржувачи на кампањата.

Сите оние кои ќе сакаат да ја поддржат оваа иницијатива своите финансиски донации може да ги уплатат на ж-ска 300000002760559, банка депонент Комерцијална Банка АД Скопје, со назнака донација за Фондот за поддршка на деца и млади жртви на сексуална злоупотреба или да донираат 100 денари со јавување на бројот 143 404 од сите мобилни оператори.

Средствата од фондот за поддршка на деца и млади-жртви на сексуална злоупотреба ќе бидат наменети за:

  • Психосоцијална работа со жртвите (индивидуална терапија)
  • Обезбедување на правна помош на жртвите
  • Обезбедување на непосредна помош на жртвите (привремено сместување, храна, средства за хигиена, облека)
  • Активности за информирање и едукација на младите за спречување на нивна манипулација



Одржан е хуманитарниот ТЕЛЕТОН “Сонувај мирно“ на 23.11.2008 на МТВ1

 Во неделата, 23 ноември 2008г, на Македонската радио телевизија (прва програма), се одржа хуманитарниот ТЕЛЕТОН “Сонувај мирно“.



Во неделата, 23 ноември 2008г, на Македонската радио телевизија (прва програма) во периодот од 14:00-18:00 часот, се одржа хуманитарниот ТЕЛЕТОН “Сонувај мирно” во склоп на Kампањата за формирање на Фонд за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба во Македонија.

Во ТЕЛЕТОНОТ земаа учество преку 100 музичари, актери, уметници, интелектуалци (превземета ја листата на учесници ), кои одговараа на телефонските повици од граѓаните на бројот 143 404 (од сите оператори) и на тој начин се донираа по 100 денари по повик во Фондот. Во текот на емисијата се јавија 365 гледачи (видете ја листата на дел од оние кои се јавија ). Од јавувањата на гледачите беа собрани 86.700 денари

Во рамки на телетонот беше организирана и ТВ аукција, во која гладачите се наддават за над 80 лични предмети на медиумските ѕвезди - гости во телетонот. Највисок износ од ТВ аукцијата постигна 30 750 денари (понудена од г-ѓа Василка Настевска од Мериан Ас, Скопје) достигна комплетот од шест ЦД-ња од Тоше Проески, донација од Космофон. Сребреното срце донирано од Ламбе Алабаковски беше дадено за 10 100 денари, а Златната Буба Мара (награда) од Бени Шаќири за 4 500 денари

За време на телетонот беше промовиран и видео спотот на песната „Сонувај„ која беше создадена од страна на дел од македонската музичка естрада (Александра Пилева, Браво бенд, Бени Шаќири, Мартин Србиноски, Некст тајм, Елена Петреска, Даниел Стојмановски, Мартин Вучиќ, Андријана Јаневска, Иле Спасев, Тања Б, Џемини, Дејана), а како комплетен автор (тeкст, музика, аранжман и продукција) се јавува Александар Масевски и неговата продукција (Massive Sky Production).

Сите вклучени песната ја направија на некомерцијална основа, како нивна поддршка на децата и младите жртви на сексуалната злоупотреба.

За време на телетонот граѓани и компании донираа или најавија донации во фондот

Поттикнати од содржините емитувани во текот на телетонот со директни донации ја поддржаа оваа иницијатива и семејството Наумови од Планет Макпол, Штип, со донација од 25 000 денари; Тинекс донираше 18 500 денари; Ремедика обезбеди индивидуална психотераписка помош и гинеколошки прегледи на жртвите на сексуална злоупотреба, а Кенди, пакети производи за жртвите на сексуална злоупотреба. Исто така најавени се уште неколку донации од страна на поединци и компании.

Целиот настан беше организиран со голема поддршка од страна на Two Hearts production, Massive sky production, Community pictures, T-mobile,Космофон, ВИП оператор, Merian As, Хотел Континентал, Биро Стил, АД Европа Скопје, Градинарски центар Plantas, Скопски Саем и Горска Вода. Медиумски покровител на настанот беше Македонската радио телевизија, а истиот медиумски беше поддржан од Нова Македонија, Утрински весник, Дневник, Вест, Вечер, К-15 Телевизија, Алфа Телевизија, Sky Net Телевизија, Сител Телевизија, Канал 5, Jungle TV, Канал 77, Радио Роса, Радио Равел, City Радио, Радио Фортуна. Сите поддржувачи на телтонот го дадоа своето време, експертизаи, средства и услуги во форма на донација кон кампањата.

1.jpg
10.jpg
11.jpg
12.jpg
13.jpg
14.jpg
2.jpg
3.jpg
4.jpg
5.jpg
6.jpg
7.jpg
8.jpg
9.jpg
 



Досега од донации на граѓаните и компаниите се собрани вкупно (вклучувајќи го и телетонот) се 141.900 денари (превземи извештај на досега собрани средства)

Средствата од фондот ќе бидат наменти за индивидуална психолошка терaпија на жртвите на сексуална злоупотреба (препораката е да се почне најдоцна 72 часа по сексуалното напаствување), покривање на трошоци за правно застапување, поддршка во образовниот процес за жртвите, како и за реализација на едукативни активности во основните и средните училишта за децата и младите полесно да ги препознаваат првите знаци на заведување од педофили или врсници кои се обидуваат сексуално да ги малтретитраат.

Телефонот 143404 ќе биде отворен до крајот на декември 2008. Ве покануваме активно да се вклучите во поддршката на децата и младите жртви на сексуална злоупотреба со вртење на бројот 143 404 (од сите оператори во РМ)

Ве молиме повикајте ги членовите на вашите семејства, вашите пријатели, колеги и деловни партнери да ја поддржат оваа граѓанска иницијатива и да дадат свој придонес за успешно справување со сексуалната злоупотреба на децата и младите.

Ви благодариме на вашата грижа за децата и младите - жртви на сексуална злоупотреба во Македонија.

Донирајте за нивна поддршка на 143 404!

Превземете ја најавата за ТЕЛЕТОНОТ „СОНУВАЈ МИРНО“ (.wmv 7,08MB)






 

 
< Претходно   Следно >

 


 


web
cira.org.mk

Фонд за поддршка на деца и млади-жртви на сексуална злоупотреба
Донирајте во ЦИРа


Copyright © 2006 CIRa. All rights reserved.