Мапа на сајтотКонтакт Почетна
Содржина
Почетна
За Нас
Тековни Проекти
Реализирани Проекти
Годишни Извештаи ново!
USAID CSSP Проект
СРЦе
Обуки
Донирајте во ЦИРа
Линкови
Ресурси
Публикации на ЦИРа
Закони за НВО
e-Билтен
Електронски Билтен


За да го добивате тримесечниот е-Билтен за Филантропијата во Македонија, Ве молиме да се регистрирајте






Ресурси за НВО
Ресурсни интернет страници - ресурси за Невладини организации

 

Се одржа Конференцијата Корпоративна одговорност-бизнис интелигенција за конкурентност и одржливост

 „Општествената одговорност на претпријатијата треба да поттикне одржлив развој на бизнисот што ќе го зголеми профитот. Истовремено, ќе генерира и позитивни економски, социјални и еколошки ефекти за развој на општеството во целост. На тој начин ќе се премине кон исполнување на законските норми од ЕУ во поглед на правата на работникот, заштитата на животната средина, а и секако ќе се добие можност за поврзување со големи мултинационални компании“ - со оваа порака заврши Kонференцијата „Корпоративна одговорност – бизнис интелигенција за конкурентност и одржливост на претпријатијата“, во организација на Центарот за институционален развој, ЦИРа во М6 Едукативниот центар во Скопје, одржана на 27-ми мај 2010 година.

 Нина Бабушковска, Претседател на Институтот за корпоративна општествена одговорност, претставувајќи ги трите нивоа на општествена одговорност во Македонија (придржување до законските обврски; минимизирање на негативните ефекти од деловното работење и зголемување на позитивните ефекти од деловното работење и создавање вредност преку иновација, инвестиции и партнерство насочено кон социјално и еколошко добро), појасни дека оштествената одговорност на претпријатијата претставува бизнис обврска за придонес кон одржлив економски развој, занимавајќи се со вработените и нивните семејства, локалната заедница и општеството заради унапредување на квалитетот на животот.

 Нина Бабушковска апелираше за дијалог и доброволна основа со заинтересирани страни, за да се направи чекор понапред во поглед на подобрувањето на животната средина и зголемување на конкурентноста на нашите претпријатија.

Заменик Aмбасадорот на Кралството Холандија, Герт Кампман, цитирајќи го Хенри Форд, потенцира дека „Бизнисот кој не прави ништо друго освен пари е сиромашен бизнис“. На овој начин, тој ја истакна важноста од воспоставување активности на општествена одговорност во претпријатијата во Македонија како земја кандидат за влез во ЕУ, со оглед на тоа дека претпријатијата кои работат на општествена одговорност, меѓу другите придобивки, стануваат и  поконкурентни на европскиот пазар.

„Општествено одговорните претпријатија имаат за 2% поголема конкурентност од оние другите и тоа е единственото решение за нашиот регион за долгорочна и одржлива конкурентност“, истакна Маја Џелатовиќ од Швајцарската мултинационална компанија „Холцим“ во Србија.

Г-ѓа Ленка Суротчак, Извршен Директор на Фондацијата ПОНТИС од Словакија – партнер на ЦИРа во овој Проект исто така одржа презентација, во која ги подели нивните искуства во поглед на почетните активности на воведување на активности на општествена одговорност во нивните претпријатија, користејќи ги шведската помош и искуства.

 

ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ
РАЗВОЈ НА ФИЛАНТРОПИЈА
РАЗВОЈ НА ЗАЕДНИЦИТЕ
ДРУГИ ВЕСТИ ОД ЦИРа

 




web
cira.org.mk
Фонд за поддршка на деца и млади-жртви на сексуална злоупотреба
Донирајте во ЦИРа


Copyright © 2006 CIRa. All rights reserved.