|
Скопски ресурсен центар - СРЦе
|
|
| Што е СРЦе? |
|
СРЦе (Skopje Resourse Centre) фукционира во рамките на Центарот за институционален развој - ЦИРа, со цел да ги мобилизира локалните ресурси за да ги направи достапни за граѓанските организации во Скопје и пошироко и да придонесе за нивна поефективна и поефикасна работа.
|
| Што нуди СРЦе? |
- Две простории за состаноци за обука или прес конференции со капацитет до 25 лица;
- Употреба на 4 компјутери со АДСЛ врска за Интернет на ваше располагање;
- Можност за користење на следнава опрема:
- ТВ, видео, ЛЦД проектор, лаптоп, проектор, флип чарт табла, машина за фотокопирање, фотоапарат, дигитален фотоапарат, диктафон;
- Канцелариски материјали: хартија, флип чарт хартија, маркери, налепници;
- Кујна;
- Користење на библиотека со повеќе од 5000 наслови од домашна и странска литература за НВО, како и прирачници за обука;
- Тим од административен персонал и волонтери;
- Искусни и стручни обучувачи и фацилитатори;
- Предавања од гости-експерти од фондации, меѓународни институции и претставници од деловниот сектор;
- Сесии за консултации и обуки за развој на НВО;
- Помош при организирање на сите типови на активности на НВО;
- Фацилитирање на секакви видови настани на НВО..
|
|
|